Османи го осуди руското признавање на Доњецк и Луганск
„Македонија уште еднаш ја повторува својата недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, наведува Османи, по вчерашната одлука на рускиот претседател Владимир Путин.

Силно го осудуваме признавањето од страна на Русија на украинските области Доњецк и Луганск како независни, напиша на „Твитер“ шефот на дипломатијата, Бујар Османи. Нагласи дека ваквите акти претставуваат сериозно кршење на меѓународното право.
„Македонија уште еднаш ја повторува својата недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, наведува Османи, по вчерашната одлука на рускиот претседател Владимир Путин.
Османи денеска остварил и телефонски разговор со Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид. Дискутирале за актуелната ситуација во и околу Украина и важноста од почитување на меѓународното право и неповредливоста на границите.
„Како дел од ОБСЕ триото претседавачи, Северна Македoнија е подготвена да придонесе за деескалација на ситуацијата и за дипломатски напори за мирно изнаоѓање на решение“, вели Османи.
