Концерт
DEEP PURPLE во Скопје
22.02.2022 12:22
DEEP PURPLE ќе одржи голем концерт на 28 мај 2022 година на стадионот на АРМ во Скопје.

Еден од најголемите рокенрол состави на сите времиња, член на големата петорка DEEP PURPLE ќе одржи голем концерт на 28 мај 2022 година на стадионот на АРМ во Скопје.
Македонската и регионалната публика ќе може во живо да ги слушнат класиците што го одбележаа петдецениското постоење на овој навистина култен и легендарен бенд во музичката историја, којшто со тоа што го работи во моментов и тоа како е цврсто позициониран со своите нови албуми во сегашноста.
