Македонија

Средба на министерот Бектеши со чешкиот амбасадор Лудва

22.02.2022 12:29

Министерот Бектеши му посака успешен мандат на амбасадорот Лудва и изрази надеж за продолжување на одличната соработка помеѓу двете земји.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари средба со Јарослав Лудва, новоименуван амбасадор на Чешката Република во Северна Македонија.

Министерот Бектеши му посака успешен мандат на амбасадорот Лудва и изрази надеж за продолжување на одличната соработка помеѓу двете земји. На средбата беше констатирано дека има позитивен развој на билатералните односи помеѓу двете држави, за што се констатирани и можности за натамошно унапредување.

Во таа насока министерот Бектеши ја нагласи важноста од продолжување и интензивирање на заемната соработка на сите полиња, особено зајакнувањето на билатералната трговија и зголемувањето на чешките инвестиции во земјата.

Министерот Бектеши истакна дека Република Северна Македонија и Чешката Република бележат позитивен развој во меѓусебните економски односи што може да се констатира меѓудругото и преку зголемувањето на трговската размена во изминатите неколку години.

Двете страни покажуваат силна заинтересираност за натамошно унапредување на економските и трговските односи, во рамки на одржаните седници на Мешовитиот комитет согласно билатералниот Договор за економска и индустриска соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Чешката Република.