Украинска криза

Хаџи- Јанев: Секое сценарио во Украина е можно

22.02.2022 13:19

Секое сценарио во Украина е можно, но моменталната состојба не укажува дека ќе дојде до поголем конфликт, вели за МТВ професорот на Воената академија, Методи Хаџи- Јанев. Смета дека конфликтот ќе остане замрзнат...

Секое сценарио во Украина е можно, но моменталната состојба не укажува дека ќе дојде до поголем конфликт, вели за МТВ професорот на Воената академија, Методи Хаџи- Јанев. Смета дека конфликтот ќе остане замрзнат.

„Ние ништо посебно не треба да преземаме во оваа ситуација. Ние го имаме нашиот курс, тоа е евроатлантската интеграција, ние го имаме нашето место и нашите потези треба да ги бараме во тој делокруг. Но, кога ќе ги правиме тие потези, истите треба да бидат добро осмислени, мора да бидат колективно изградени и трба да бидат во итерес на зачувување на достоинството на земјата, но и да се води сметка за последиците кои може да имаат каскаден ефект за нас, а кои не се така видливи, но може да ни се случат, како резултат на ескалирање на сценаријата“, вели професорот Хаџи- Јанев.

Русија со навлегувањето во делот на Источна Украина сака да испрати јасна порака за проширувањето на НАТО. Целиот разговор со професорот Хаџи- Јанев гледајте го во Дневник 1 на МРТ.