Свет

Германија го стопира „Северен поток 2“ поради потезите на Русија

22.02.2022 13:30

„Ситуацијата денеска е сосема поинаква од пред неколку дена и затоа треба повторно да ја анализираме. Побарав од Министерството за економија да го повлече документот од процедура и со тоа да го оневозможи сертификатот за гасоводот Северен поток 2“, изјави германскиот канцелар.

ЕУ ќе одговори со санкции на одлуката на Русија да ги признае Доњецк и Луганск, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц. Тој наредил и повлекување на документите, со што се оневозможува доделување сертификати за отворање на гасоводот „Северен поток 2“.

„Ситуацијата денеска е сосема поинаква од пред неколку дена и затоа треба повторно да ја анализираме. Побарав од Министерството за економија да го повлече документот од процедура и со тоа да го оневозможи сертификатот за гасоводот Северен поток 2“, изјави германскиот канцелар.

Шолц рече дека Европа се соочува со тешки денови и дека 80 години по Втората светска војна, во Европа се заканува нова војна.

„Наша одговорност е да го спречиме тоа. Апелирам до Русија да ни помогне во тоа“, истакна Шолц.