Канада: Парламентот ја поддржа одлуката на Трудо
Трудо рече дека неговата Влада не ја донела одлуката за активирање на чинот лесно, но дека тоа е единственото решение за да се врати редот.
По неколку неделните парализирачки протести, канадскиот Парламент реши да ја поддржи одлуката на премиерот Џастин Трудо да се повика на ретко користеното вонредно овластување за ставање крај на протестите во земјата. Трудо рече дека неговата Влада не ја донела одлуката за активирање на чинот лесно, но дека тоа е единственото решение за да се врати редот.
„Повикувањето на Законот за итни случаи беше неопходен. Агенциите за спроведување на законот се потпираа на него за да постават заштитени области во центарот на Отава и на граничните премини. Тоа спречи странски пари да продолжат да финансираат нелегални блокади, и нашите граници да останат отворени“, изајви канадскиот премиер Трудо.
Протестот што го почнаа канадските камионџии кои се противат на барањата за вакцина и карантин во нивната земја, пред повеќе од три недели, чинеше милионски загуби за прекуграничната трговија.
