Излез од земјава без ПЦР тест и потврда за вакцина, трудниците да се вратат на работа
Укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата и укинување на ослободувањето од работа за бремените жени- предложи Комисијата за заразни болести...

Од Македонија да може да се излезе без негативен ПЦР тест, без сертификат за вакцинација или за прележан ковид. Бремените жени да се вратат на работа. Ова се одлуките на Комисијата за зарзни болести кои се доставени до министерот, а потоа за нив ќе одлучува Главниот координативен кризен штаб на Владата.
Од 800 ученици кои биле опфатени со скринингот само осум биле позитивни. Вкупно ќе бидат опфатени околу 2.000 ученици, а 5.000 родители биле заинтересирани нивните да бидат тестирани. Но, интересот за имунизација против Ковид – 19 се уште не задоволителен. 41 процент од граѓаните примиле две дози.
Според податоците на Институтот за јавно здравје и минатата недела бројот на новозаразени се намалува. Во текот на минатата недела бројот на ренфекции, како и на починати намален за речиси една третина во споердба со претходната недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години. Тренд на намалување се забележува кај возрасните групи од 20 до 29 години, и од 50 до 59 години.
Наташа Јанчиќ Менковски
