Американската компанија КСС ќе гради фабрика во Кичево

03.04.2014 17:10

Премиерот Никола Груевски преку својот Фејсбук профил попладнево објави дека компанијата КСС ќе гради фабрика во Кичево. Ќе се вработат за почеток меѓу 800 и 1.000 луѓе. Станува збор за голема американска компанија од автомобилската индустрија која ширум светот има повеќе од 9 илјади вработени...

Нова американска компанија ќе инвестира во Македонија. Премиерот Никола Груевски преку својот Фејсбук профил попладнево објави дека компанијата КСС ќе гради фабрика во Кичево.

Ќе се вработат за почеток меѓу  800 и 1.000 луѓе. Станува збор за голема американска компанија од автомобилската индустрија која ширум светот има повеќе од 9 илјади вработени.

КСС е водечки глобален снабдувач со опрема за возила. Произведува безбедносни уреди, воздушни перничиња, управувачи, безбедносни ремени и други делови за автомобилската индустрија.

Американската компанија чие седиште е во Мичиген предвидува браунфилд инвестиција која ќе се реализира во втората половина годинава,а потоа кон средината на идната и гринфилд инвестиција односно изградба на сосема нова фабрика.

 

 

Американците решиле фабриката да ја лоцираат во Кичево.

Премиерот Груевски на Фејсбук напиша дека со оваа вест со која ги израдува најмногу кичевчани, вреди да се работи и бори во политиката. Американците наскоро ќе ги почнат подготовките за инвестицијата.

Оваа инвестиција ќе биде уште во низата компании кои изградија фабрики и нови погони во Македонија.

По Џонсон Контролс, Џонсон Мети, Маркарт, Кемет Електроникс... Македонија се етаблира како земја со силен потенцијал во автомобилиската индусртија.

 

Дијана Ценевска