Иванов во Берово: Македонија има нов лик!
Транзицијата и владеењето на нашите политички опоненти, економски го опустошија Малешевскиот регион. Во последните години работите се менуваат, треба уште да се работи, потребно е многу време за да се надомести пропуштеното, но знаеме како, покажавме дека можеме да ја менуваме состојбата во Македонија, вака го започна своето изборно преставувањем кандидатот за претседател на ВМРО- ДПМНЕ, Ѓорге Иванов во малешевскиот регион.

Имам програма, имам тим заедно со Владата сигурен сум дека ќе продолжиме да работиме на создавање на услови за економски развој, потенцираше Иванов, додавајки дека градењето на Македонија како економски силна и развиена држава зависи од народот, од граѓаните, од стопанствениците, и најмногу од соработката меѓу институциите на државата.
Задоволен сум што во Берово пред основање е технолошко-индустриска развојна зона, рече Иванов. Формирањето вакви зони се покажа како мошне успешна политика на Владата. Го барам вашиот глас, за втор птетседателски мандат за да продолжиме заедно да работиме на привлекување странски компании, да отвориме нови работни места за беровци, рече Иванов додавајки дека ова планинско градче има што да понуди и во туризмот, а доказ дека тој сака да помага и да ја промовира својата Држава бил минатогодишниот настан кога сите дипломати биле во Берово. Од нас самите зависи, рече Иванов пред беровчани дали ќе се инвестираме во инфраструктура, дали ќе се градат патишта за поврзување на секој град и на секое село во нашата татковина. Ние тоа и го правиме, рече Иванов потсетувајки дека изграден е патот од Ѓердови Воденици до Русиново. Завршен е патот од Русиново до Владимирово и Превалец – Владимирово. Завршена е надградбата на патниот правец Берово - Смојмирово а се гради и пешачка патека во должина од 3,5 километри околу Беровско Езеро.
Во минатите години докажав дека ги подржувам сите проекти кои придонесуваат Македонија да биде што по солидарна држава. За подобрување на социјалната положба на граѓаните, особено на социјално ранливите групи, во Берово се изградени и вселени 50 стана. Изградена е канализациска мрежа во ромското маало, а се гради и улицата „Братство и единство“. Четириесет деца од ромска националност посетуваат градинка бесплатно. Се што работиме и дома и надвор работиме со срце за Македонија оти таа е нашиот заеднички дом, оти Државата ни е пред се, рече претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорге Иванов пред беровчани.
Додека некои сакаат само да зборуваат и да критикуваат дека сè во оваа земја е погрешно, дека ништо не се прави, ние, заедно со вас вредно работиме и исполнуваме, рече Иванов потенцирајки дека Големите луѓе зборуваат за визии, обичните за настани а малите зборуваат за други луѓе.
За Иванов јасно е дека тој и тимот кој стои позади него имаат јасна визија за тоа како треба да се гради Македонија, како да се развива економски, како да се штитат националните интереси и интересите на граѓаните. Ние знаеме и сме докажале како тоа се правим рече Иванов пред беровчани.
На десетиот ден од отпочнувањето на изборното преставување на претседателските кандидати Иванов свои митинзи имаше во Македонска Каменица и Делчево.
Дијана Иванова
