Мексико

Мигрантите се судрија со националната гарда

23.02.2022 09:16

Протестите траат веќе некое време, а причина за ескалацијата биле фрлените фотокопии од документите за идентификација во ѓубре пред националниот институт за миграција.

Стотици мигранти без документи се судрија со членовите на националната гарда во јужниот мексикански град Тапачула, додека протестираа за побрзо решение на нивниот миграциски статус.

Бараат да им се обработат документите за да можат да влезат во САД. Протестите траат веќе некое време, а причина за ескалацијата биле фрлените фотокопии од документите за идентификација во ѓубре пред националниот институт за миграција.