Свет
Хеликоптерска несреќа во близина на ски-центар
23.02.2022 09:25
Портпаролот на националната гарда на Јута, Џеред Џонс, изјави дека ова е ретка несреќа што се случува за време на стандардна тренинг-обука.

Два хеликоптери „блек-хок“ се урнаа во близина на ски-центар во Јута за време на тренинг-обука во зимски услови. За среќа нема повредени членови на екипажот, ниту повредени скијачи кои биле на блискиот ски-лифт во време на несреќата.
Портпаролот на националната гарда на Јута, Џеред Џонс, изјави дека ова е ретка несреќа што се случува за време на стандардна тренинг-обука.
Не даде информации за причината за несреќата, но рече дека се во тек напори да се испита инцидентот и да се отстрани оштетената опрема од планината.
