Македонија

Влада: МНР да преземе мерки за осигурување на безбедноста на нашите членови во Мисијата на ОБСЕ во Украина

23.02.2022 09:43

Премиерот Димитар Ковачевски ја осуди руската одлука за прогласување независност на Луганск и Доњецк, оценувајќи ја како напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина.

Владата го задолжи Министерството за надвореши работи, во координација со надлежните институции да ги преземе сите потребни мерки за осигурување на безбедноста на македонските членови при специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина.

Претходно, премиерот Димитар Ковачевски ја осуди руската одлука за прогласување независност на Луганск и Доњецк, оценувајќи ја како напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина.

На социјалните мрежи се огласи и претседателот Пендаровски, кој напиша дека грубото кршење на меѓународното право е закана за цивилизацијата.