Несреќите при работа се почести ,Синдикатот бара бенефицираниот стаж
Несреќите при работа стануваат се почести
Несреќите при работа стануваат се почести, 30-годишен рудар загина во рудникот САСА, а градежен работник во Скопје падна од 8 метри височина и се здоби со сериозни скршеници .Овие две несреќи се нова опомена дека постојано треба да се почитуваат сите предвидени мерки за заштита при работа .
Синдикатот засега не коментира и најавува заедничка прес-конференција со Трудовата инспекција и детална анализа за причините и за мерките за подобрување на состојбите .Истовремено, Синдикатот на градежниците бара доуредување на правото на бенефициран стаж . Звучи чудно, но досега ниту едно работно место во градежниот сектор и во градежната индустрија нема бенефициран стаж , иако условите за работа се меѓу најтешките.
,, 64 години за маж и 62 за жена , за оние кои се оперативци и се на терен и работат на енормно високи и енормно ниски температури ,не гледам зошто не би се овозможило ова ,што ние денеска го предлагаме и истовремено да се поттикне свеста на работодавачите дека безбедноста и здравјето се основен сегмент за кој секој треба да се грижи .”-вели Павел Трендафилов ,претседател на Синдикатот за градежништво и индустрија.
Ќе се постигне троен ефект, тврди Синдикатот. Работниците ќе можат да заминат достоинствено во предвремена пензија, работодавачите ќе можат да вработуваат помлади луѓе и на тој начин ќе се поттикне вработеноста .За првпат предлогот на Синдикатот го поддржале и работодавачите што овозможува почнување на процедурата за проширување на правилникот за утврдување работни места со зголемено траење.Тоа значи дека во догледно време бенефицираниот стаж ќе стане реалност и за: кранистите,армирачите, браварите,ракувачите со тешки градежни машини .Сите се согласуваат дека трошокот за градежните компании ќе биде минимален ,а ефектите во работењето неспоредливи .
