Борење
Атанасов и Данов не го минаа првото коло
03.04.2014 17:38
Македонските борачи Атанасов и Данов ги загубија стартните борби и се елиминирани од натамошните натпревари на Европското првенство во борење-слободен стил кое што се одржува во финскиот град Ванта.

Очекуван исход со оглед на силата на нивните противници во првото коло. Горан Атанасов во категоријата до 74 килограми загуби на поени со 4:0 од искусниот бугарски репрезентативец Кирил Стојчев Терзиев, инаку освојувач на бронзениот медал на Олимпијата во Пекинг во 2008. Бобан Данов исто така на поени со 3:0 беше поразен од Унгарецот даниел Лигети во категоријата од 127 килограми.
