Продолжува поддршката од Црвениот крст за семејствата чии членови загинаа во сообраќајната несреќа во Бугарија
Еднократната парична помош која беше соопштена на јавноста е веќе реализирана, средствата се веќе префрлени на трансакциските сметки на семејствата на загинатите лица, со што е даден скромен придонес во ублажување на последиците од настанатата трагедија, информираат од Црвениот крст.

Црвениот крст на Република Северна Македонија продолжуваа и понатаму да им дава поддршка на семејствата чии членови загинаа во сообраќајната несреќа која се случи во Република Бугарија на 23-ти ноември миниатата година, во која животот трагично го загубија 45 лица и 7 лица беа повредени.
Еднократната парична помош која беше соопштена на јавноста е веќе реализирана, средствата се веќе префрлени на трансакциските сметки на семејствата на загинатите лица, со што е даден скромен придонес во ублажување на последиците од настанатата трагедија, информираат од Црвениот крст.
Оттаму упатуваат и благодарност до граѓаните кои искажа висока општествена одговорност и грижа за населението во услови кога им е најпотребна.
