Ковид-19

СЗО: Се намалува бројот на заразени и смртни случаи од Ковид-19, Омикрон доминира

23.02.2022 11:08

Минатата недела имало повеќе од 12 милиони новозаразени со Ковид-19. Минатата недела во светот починаа осум отсто помалку луѓе, или околу 67.000, а неделниот број на смртни случаи се намали првпат од почетокот на јануари.

Бројот на нови случаи на заразени со коронавирусот во светот е намален за 21 отсто во изминатата недела, односно трета седмица по ред, соопшти Светската здравствена организација.

Минатата недела имало повеќе од 12 милиони новозаразени со Ковид-19. Минатата недела во светот починаа осум отсто помалку луѓе, или околу 67.000, а неделниот број на смртни случаи се намали првпат од почетокот на јануари.

Западен Пацифик е единствената област каде што е зголемен бројот на новозаразени со Ковид-19, со раст од 29 отсто во претходната недела, додека бројот на инфицирани на други места значително е намален. Бројот на нови смртни случаи од Ковид-19 се зголеми во Западниот Пацифик и Африка, а намален е на други места.

Најголем број новозаразени со коронавирус е регистриран во Русија, Германија, Бразил, САД и Јужна Кореја.

СЗО наведува дека сојот омикрон е убедливо најдоминантниот вид во светот и претставува повеќе од 99 отсто од анализираните случаи. Делта варијантата е единствениот друг вид што се појавува и претставува еден процент од случаите.