Емпорио Армани ја растури непоразената Барселона

03.04.2014 19:28

Конечно во кошаркарската Евролига нема веќе непоразени екипи. Екипата на Емпорио Армани продолжи со победничката серија и против досега неприкосновената Барселона, совладувајќи ја со 91:63.

По релативно рамноправното прво полувреме, во кое остварија 43:34, Италијанците се разгоропадија во третиот период кој го добија со 26:6 како најава за катастрофа на каталонскиот гигант. Домашните ги служеше шутот од игра, каде што за два поена имаа над 60 настотен учинок, а за тројка погодина 11 од 21 обиди. Гостите имаа 45 проценти за два, и мизерни 3 тројки од 19 упатени удари. Алесандро Џентиле беше убедливо најдобар поединец зсо 24 поени, 7 скокови и 6 асистенции, а Самуелс и Џеред придонесоа со по 16, односно со 14 поени. Кај гостите кои настапија без Наваро, единствениот двоцифрен во нападот беше Абринес со 14 поени, а во општото сивило се надополни и центарот Томиќ со 8 поени, кој два месеца едноподруго е прогласен за најдобар кошаркар во елитната лига. И покрај првиот пораз, Барселона останува на првото место со 12 победи, а тимот од Милано ја обезбеди втората со десеттата победа, од која седма едноподруго.

Вечерва во “Е“ конкуренцијата Панатинаикос ја пречекува Уникаха Малага, а Лаборал игра со Фенербахче Улкер. Во “Ф“ групата се игра единствено натпреварот во Минхен, меѓу домашниот Баерн и Макаби.