Петков прими делегација од македонски Бугари
По средбата со бугарите од земјава, бугарскиот премиер Петков рече дека нивните права се приоритет за Софија. По реакциите за отстранувањето на македонскиот премиер Ковачевски од заедничката фотографија, Петков рече дека некои луѓе од двете страни со глупости се обидуваат да го нарушат конструктивниот тон и дијалогот со Скопје и оти стратешки интерес за Бугарија е да Северна Македонија да влезе во Европската Унија.

Правата на бугарите во Северна Македонија се огромен приоритет за владата, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков ден по средбата со бугарски државјани од земјава.
Одговарајќи на прашање на БГНЕС за средбата Петков рече дека за нив, но и за бугарската и македонската страна е важно Северна Македонија да биде членка на ЕУ. Петков претходно оствари средба со организации и здруженија на Бугари во земјава.
Како што беше соопштено, средбата се одржала на нивна иницијатива, а премиерот Петков ја претставил последната информација за текот на преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија, во чиј фокус е вклучувањето на бугарите во македонскиот устав.
