Средба Маричиќ-Лахдевирта
На средбата беше потврдена финската поддршка за напредок во европската интеграција и очекување дека спроведените реформи и пријателската соработка со соседите во затворање на прашањата ќе бидат потврдени и од страна на ЕУ до отпочнување на преговорите за членство.
Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ денес имаше прва протоколарна средба со финскиот амбасадор за Северна Македонија со седиште во Белград, Н.Е. Кимо Лахдевирта.
На средбата беше потврдена финската поддршка за напредок во европската интеграција и очекување дека спроведените реформи и пријателската соработка со соседите во затворање на прашањата ќе бидат потврдени и од страна на ЕУ до отпочнување на преговорите за членство.
Вицепремиерот Маричиќ се заблагодари на Финска за нејзината доследна поддршка за политиката за проширување на ЕУ, како просперитетна политика не само за земјите кандидати за членство, туку и за Европската Унија, која несомнено ќе ја загарантира стабилноста на целиот регион на Западен Балкан.
