Можностите за инвестирање во земјава претставени во Дубаи
Преку отворен дијалог со бизнис заедницата ги градиме политиките. Поддршка и до 50 насто од инвестициите добиваат фирмите во државава. Можностите за инвестирање во земјава Владата ги претстави пред бизнисмените на форумот ЕКСПО 2020 Дубаи. Искуствата ги споделија и бизнисмените од коморите. Интерсот фокусиран кон трговијата и прехранбената индустрија...
Инвеститорите партнерски го развиваат бизнисот, ги избришавме разликите меѓу домашните и странски компании, процесот на добивање државна помош е транспарентен, фокусот е на нови платени работни места. На бизнис форумот ЕКСПО 2020 во Дубаи, владата ги повика странските фирми капиталот да го вложат во технолошко- индустриските зони.
Домашните бизнисмени и коморите ги споделија искуствата- 99 насто се извезува на европскиот пазар, заедно работиме на политките со Владата.
Царинските стапки се усогласуваат со европските, производствените и информатичките компании добиваат до максимум 50% од вкупните трошоци- посочи вицепремиерот Битиќи.
Во Македонија има над 2.400 компании во ИТ секторот со преку 17 000 млади инженери, со 1700 евра просек во приходи ,најголем дел од нив работа софтвер за странство
Трговската и прехранбена индустрија во земјава се во фокусот на интерес на потенцијалните бизнисмени од Емирати.
Сузана Фиданска Стоевска
