Визија, Австрија
”За нас, се друго освен пласман на европското во Австрија, е неуспех“- така вели Зоран Петковски селекторот на нашата млада ракометна селекција до 20 години.

За тоа ќе биде потребно скопските квалификации од утре до недела во СРЦ Кале да ги завршат на првото место, бидејќи само тоа е виза за континенталното во Австрија од 24 јули до трети август годинава. Пречките наши до таму се Италија, Грција и Исланд редоследно како ќе играме на квалификацискиот турнир. На Исланѓаните се гледа како на најголеми фаворити, но селекторот Петковски е со дециден став.
“Исланд е далеку од сите овие репрезентации по рејтинг. Играат ракомет, напаѓаат од сите три опозиции, имаат своја игра, брзи се во контра и полуконтра, казнуват...Јас мислам доколку изиграмо во одбрана онака како тренираме и се договараме, ако се придржуваме до тие принципи, нема да имаме проблем. Јас верувам во оваа екипа иако настапуваме помлади, имаме доста играчи што се 1996-та, а на таа возраст и два години значат многу . Јас сум оптимист и мислам дека овие квалификации ќе ги завршиме на првото место.”
На оптимизмот на селекторот се надоврзува и капитенот Борјан Маџовски кој вели-“ ќе дадеме се од себе и се надевам дека во недела сите заедно ќе се радуваме по натпреварот со Исланд.”
По подог период, конечно и во помладите категории активна нашата земја за настап на европски собир. Кадетите, веќе обезбедија пласман на континентално, сениорите треба да ја минат Грција за таму. Пласманот на младинците некако ќе ја комплетира успешната слика, што пак, од друга страна ветува понатамошен, долгорочен континуитет.
Нашите младинци мисијата европско првенство ја стартуваат утревечер во 19 часот (СРЦ Кале), термин за трите наши средби (петок, сабота,недела) и термин резервиран за преносите на МРТ собранискиот сервис.
