МРТ

Што ќе гледате во новото издание на „Македонија наутро“?

23.02.2022 14:35

Овој четврток во утринската програма на МРТ ќе гледате...

Сите домашни банки и регулаторот Народна банка беа изложени на хакерски напад. За среќа интегритетот и доверливоста на податоците на корисниците на услугите не беше доведен во прашање, но треба ли овој случај да биде причина за загриженост и поактивно делување во насока на заштита, е тема на којашто дискутираме со Божидар Спировски – експерт за сајбер безбедност.

Не стивнуваат реакциите на светските политички лидери на потегот на претседателот на Русија, Владимир Путин за признавање на украинските области Доњецк и Луганск како независни ентитети. Балканот не е исклучен од приказната. Што одлуката на рускиот претседател значи за нас, како истата беше прифатена на Балканот, но и за реакциите по неа разговараме со Оливер Бранковиќ, дописник на МРТ од Белград и Сања Ристовска, дописничка на МИА од Атина.

Ја најавуваме и традиционалната манифестација „Среќна баба Марта“ која по 9-ти пат ќе се одржи во Скопје.

Под мотото „Здраво срце, среќно срце“, Црвениот крст од 21-ви до 28-ми февруари ја одбележува неделата против срцевосадови заболувања. На оваа тема во „Македонија наутро“ разговараме со Ана Франциќ.

Гледајте нѐ!