Акциски план за партнерство
Со петтиот национален акциски план се прави голем чекор напред, владата во соработка со граѓанскиот и бизнис-секторот останува посветена на принципите на отвореност и на транспарентност – став на премиерот Ковачевски. Тој вели дека досега се преземени над 50 мерки коишто го подобриле остварувањето на граѓанските права.

Силната политичка волја за реформи со кои се отвораат институциите и се трансформираат во вистински сервис за граѓаните, остана еден од главните приоритети на владата, изјави премиерот Ковачевски на промоцијата на акцискиот план за партнерство за отворена власт. Во обраќањето Ковачевски сподели дека земјава е на прво место во регионот по отвореност и транспарентност, а придобивките од отвореното владино партнерство се гледаат и во спроведените повеќе од 50 мерки со кои се остваруваат правата на граѓаните и се подобрува нивниот статус.
Политичката волја на Владата и посветеноста на граѓанското општество во изминатите 5 години креираа клима на транспарентност со што на граѓанските организации и на бизнис заедницата им овозможија пристап до информациите од јавен карактер, сметаат од Фондацијата отворено општество.
Македонија е една од 78-те земји кои во 2011 година ја потпиша Декларацијата за отворена влада, од која произлезе Меѓународната иницијатива Отворено владино партнерство.
Анита Д. Велковска
