МАНУ

Камбовски: Никој неможе да диктира промена на уставот

23.02.2022 15:06

„Никој не може да се меша или да диктира промена на уставот“ – вели академик Владо Камбовски за барањето на Софија за вметнување на бугарите во нашиот највисок правен акт. Претседателот на Ману Коцарев рече дека академијата е должна да ги чува и негува стожерите на македонскиот народ-идентитетот, јазикот и културата.

Барањето Македонија да избрише дел од својата историја поврзана со борбата за ослободување од бугарскиот фашистички окупатор и да ја ревидира синтагмата фашистички окупатор што за жал е поддржано од македонските политичари и квазиисторичари, придонесува за разнебитување на македонската држава – рече на годишното собрание претседателот на МАНУ, академик Коцарев. Според него Европската Унија демонстрира непринципиелност и немање желба за проширување праќајќи јасни сигнали дека полноправното членство на земјава ќе остане неостварен сон. Според првиот човек на МАНУ, пирова победа ќе биде членството во ЕУ ако се откажеме од македонскиот јазик и идентитет.

Академик Ќулавкова смета дека опстојувањето на македонската држава е доведено во прашање и побара од академиците да делуваат институционално. Таа со предлог до колегите да усвојат декларација за преговорите со Бугарија.

Барањето за вметнување на бугарското малцинство во македонскиот Устав за академикот Камбовски не е мешање во внатрешните работи на земјава, доколку тоа се дозволи.

Претседателот на МАНУ со апел до политичарите, наместо да се водат од партиските и личните интереси, науката да биде како што рече вистинскиот водич на нашата иднина.

Викторија Милевска