Евроинтеграции

Ќучук бара брзо отворање на пристапните преговори со Северна Македонија

23.02.2022 15:20

Во извештајот на Ќучук се поздравува постојаниот напредок на Северна Македонија на патот кон членство во ЕУ, а се укажува на потребата да засилат напорите за зајакнување на владеењето на правото и независноста на судството, борбата против корупцијата, реформирањето на јавната администрација и слободата на медиумите...

Известувачот на Европскиот парламент за напредокот на земјава, Илхан Ќучук го достави нацрт- извештајот до Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.

Во него, тој препорачува брзо отворање на пристапните преговори, оценувајќи дека се исполнети условите и се испорачани одржливи резултати. Во извештајот на Ќучук се поздравува постојаниот напредок на Северна Македонија на патот кон членство во ЕУ, а се укажува на потребата да засилат напорите за зајакнување на владеењето на правото и независноста на судството, борбата против корупцијата, реформирањето на јавната администрација и слободата на медиумите.

Меѓудругото, известувачот го поздравува обновениот дијалог меѓу Бугарија и Северна Македонија и ги охрабрува партнерите да го забрзаат ангажманот со добра волја со цел да се постигне прифатлив компромис.

За извештајот ќе се расправа на 28-ми февруари, а рокот за поднесување амандмани е до 8-ми март.