Македонија

Шумата се уништува главно за огрев

23.02.2022 15:44

За десет години, Шумската полиција до Јавното обвинителство поднела над две илјади кривични и речиси 20 илјади прекршочни пријави – покажуваат истражувањата. Бесправна сеча имало на повеќе од 245 илјади кубни метри. Шумата се уништува главно за огрев...

Шумата се уништува и диво се сечат и крадат дрвја поради социјален мотив, но и за заработка и профит. 71 % од населението користи дрво за затоплување. Во институционалната битка, лоцирани слабите алки.

Сечењето шуми е криминал кој има крајно сериозни последици, 3.000 луѓе умираат поради недостиг на чист воздух.  

Во Македонија има служби за заштита, но контролните механизми се клучни.

За една деценија, Шумската полиција до Јавното обвинителство поднела над две илјади кривични пријави и речиси 20 илјади прекршочни пријави.

Истажувањата покажуваат дека минатата година, вкупниот број на предизвикани штети од бесправна сеча изнесува повеќе од 245 илјади кубни метри.

 

Наташа Јанчиќ Менковси