Политика

Ковачевски ќе разговара со својот украински колега, за санкции кон Русија дополнително ќе се одлучува

23.02.2022 16:01

Телефонски разговор меѓу премиерот Димитар Ковачевски со својот колега, Денис Шмигаљ, со кого меѓудругото ќе разговара за помошта за Украина. Ковачевски сака да чуе директно од својот украинска колега каков вид помош е потребна, по што Владата ќе направи проценка во врска со видот на помошта што ќе ја понудиме како држава. На последната владина седница била разгледана ситуацијата во Украина. За санкциите кон Русија, Владата дополнително ќе расправа...

Владата го задолжи МНР, во координација со надлежите институции да ги преземе сите мерки за осигурување на безбедноста на 30- мината македонски членови на специјалната моиниторинг мисија на ОБСЕ во Украина. Околу 100- тина македонски граѓани до нашата амбасада во Киев пријавиле дека се на украинско тло. Во однос на санкциите кон Русија, од Владата велат- нашата земја е усогласена со европската надворешна и безбедносна политика.

„Во моментот нашите набљудувачи, кои се околу 30-тина, се безбедни и ги извршуваат своите редовни обврски и во случај на дополнително влошување на ситуацијата, се наметнува потребата од брз и ефикасен ангажман во насока на осигурување на нивната безбедност. Во однос на нашите државјани, Амбасадата на Северна Македонија во Киев има евидентирано бројка од 100-тина кои ги доставиле своите податоци дека престојуваат во Украина и од нив заклучно со вчера, се вратиле 13-мина. Северна Македонија е на линија за постигнување на 100% усогласеност со надворешната и безбедносната политика на ЕУ. Во однос на пакетот санкции на Унијата којшто се најавува, Владата дополнително ќе расправа“, изјави владиниот портпарол, Душко Арсовски.

Владата ќе ѝ понуди помош на Украина во случај на ескалација на состојбите, вели портпоаролот. Македонија е отворена за прием на евентуални бегалци од оваа земја во најлошо сценарио- е ставот на Владата.

 

Наташа Гркова- Петрушевска