Здравство

674 нови случаи со Ковид-19, починати 21 лице

23.02.2022 16:21

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 295.082, бројот на оздравени пациенти е 280.675, на починати е 8.958 а бројот на активни случаи изнесува 5.449.

Во последните 24 часа направени се 3.156 тестови, а регистрирани се 674 нови случаи на Ковид-19, од кои повеќе од половината во Скопје. Од вкупниот број на позитивни (674), регистрирани се 98 реинфекции. Регистрирани сe и 978 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 12 починати лица на возраст од 55 до 88 години. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 9 починати лица на возраст од 48 до 92 години. Од вкупниот број на починати лица, кај 20 лице се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 295.082, бројот на оздравени пациенти е 280.675, на починати е 8.958 а бројот на активни случаи изнесува 5.449.

Досега во земјата се направени вкупно 1.878.073 тестирања на Ковид-19.