Украинска криза
Русија ја нападна Украина
24.02.2022 08:07
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба зборува за „војна од големи размери“.

Руските трупи ја нападнаа Украина од Русија и Белорусија, јави украинската гранична служба. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба зборува за „војна од големи размери“.
Руските сили рано утринава истрелаа проектили врз неколку градови во Украина и истоварија војници на нејзините јужни пристанишни градови Одеса и Мариупол, објавија украинските власти и медиуми, откако Владимир Путин одобри, како што рече во ТВ-обраќањето, специјална воена операција на истокот.
Медиумите објавија дека воените командни центри во Киев и североисточниот град Харков биле погодени со проектили.
