Партии
ВМРО-ДОМНЕ: Цените растат,економијата тоне, а платите губат вредност
24.02.2022 09:17
Во првите 48 дена владата направи буџетски дефицит од 164 милиони евра, што е 30% од предвидениот дефицит за цела година.

Во Македонија заради неспособноста на СДСМ имаме реална стагфлација, инфлацијата е на енормни 6.7%, додека производството опаѓа, економијата тоне, велат од партијата.
Додаваат дека само во првите 48 дена владата направи буџетски дефицит од 164 милиони евра, што е 30% од предвидениот дефицит за цела година. Ова ќе иницира ребаланс, и ново задолжување. Цените вртоглаво растат, за година и половина цените на горивата скокнаа за над 60%, зејтинот за 40%, брашното за 38%, млекото за над 20%.
Денес во Македонија имаме сиромаштија. 500.000 луѓе живеат со по 150 денари на ден, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
