Партии
СДСМ: Арсовска да го продолжи проектот Универзална сала
24.02.2022 09:26
Проектот за Универзална е стручен и безбеден, има добиено позитивно мислење од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.

Наместо реализација на проектот за кој Владата има дадено 2 милиони евра на Град Скопје, Арсовска се обидува со лага да ја оправда својата неработа, велат од СДСМ.
Проектот за Универзална е стручен и безбеден, има добиено позитивно мислење од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, од Градежниот факултет, а надзорот ги одобри сите градежни зафати, нагласуваат од партијата.
