Дводневна средба на македонско-бугарската Историска комисија
Според најавите, на неа се разговара по забелешките за учебниците по историја, како и за Гоце Делчев.

Членовите на македонско-бугарската заедничка комисија за историски и образовни прашања, овие два дена во Софија одржуваат нова средба, прва за годинава. Според најавите, на неа се разговара по забелешките за учебниците по историја, како и за Гоце Делчев.
Претходната средба се одржа во декември, но на неа, како што рекоа од нашата страна, не се успеа да се надминат разликите во пристапот и разбирањето на улогата на историјата и историското образование во современите општества.
Министерот Османи, деновиве изјави дека не треба да се врши притисок со рокови врз заедничката историска комисија, бидејќи целта е да се создаде процес на доверба за решавање на спорните прашања. Според најавите, годинава треба да се одржат вкупно пет средби на комисијата.
