Се подобрува регионалната економија
Буџетот е во добра ликвидност. Се исплаќаат– ддв-то, капиталните инвестиции, им порача на прилепските стопанственицит заменик премиерот и министер за финансии Зоран Ставревски. Се подобрува регионалната економија. Економските резултати ќе бидат подобри од лани.
Државата ќе им помогне на тутунарите. Веќе посредува со откупните фирми да го исполнат ветеното.
„Нема да ги оставиме тутунарите сами да се справуваат со ситуацијата. Напротив. Ќе инсистираме до крај да се испочитува она што комбинатите го ветија во однос на тоа дека ќе се потпишат договори со сите тутунари кои имале договори во 2013 година, со количините што ги утврдивме на тој состанок“, рече министерот за финансии Зоран Ставревски.
Според Ставревски ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди најдобра изборна програма со илајдници проекти за стопанството и граѓаните.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески ги повика граѓаните да работат на автопатиштата. За двата правци Скопје-Штип и за Кичево-Охрид веќе е распишан првиот оглас за преку 650 лица. Ќе стигнат и другите, па и на кинеската компанија. Вкупно ќе работат преку 1000 македонци.
„Ова е еден добар чекор при што дополнително ќе се намали невработеноста во Македонија. Тоа беше една од нашите главни цели“, рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Ставревски не може да го коментира случајот Актор“ зашто, вели е во надлежност на јавното обвинителство.
Елизабета Митреска
