Столтенберг: НАТО ќе направи се за да ги заштити интересите на сојузниците
24.02.2022 09:47
Амбасадорите на 30-те сојузници ќе одржат итен состанок претходно во текот на денот за да разговараат за рускиот напад...

Шефот на НАТО Јенс Столтенберг го осуди рускиот „непромислен и неиспровоциран напад“ врз Украина, предупредувајќи дека тоа загрозува „безброј“ животи.
Амбасадорите на 30-те сојузници ќе одржат итен состанок претходно во текот на денот за да разговараат за рускиот напад, а потоа се очекува Столтенберг да одржи прес-конференција, изјави портпаролот на НАТО.
„Ова е тешко кршење на меѓународното право и сериозна закана за евроатлантската безбедност. Ја повикувам Русија веднаш да ги прекине непријателствата и да го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, рече Столтенберг.
