Свет

Реакции по нападот на Украина

24.02.2022 10:01

Европскиот совет и Европската комисија заеднички со осуда за руската инвазија во Украина. Лидерите на земјите членки на ЕУ на вонреден самит. Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лаен со осуда за како што рече варварскиот напад и циничните аргументи за да се оправда тоа.

Во овие тешки времиња ние сме со Украина – министерот за надворешни работи Бујар Османи со осуди за нападот на Русија врз Украина. На твитер шефот на македонската дипломатија напиша „денешната одлука на Кремљ за воени дејствија на руските воени сили не се ништо помалку од акт на агресија и почеток на војна против Украина, акти кои ги осудуваме на најсилен можен начин“.

Европскиот совет и Европската комисија заеднички со осуда за руската инвазија во Украина. Лидерите на земјите членки на ЕУ на вонреден самит. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен со осуда за како што рече варварскиот напад и циничните аргументи за да се оправда тоа.

„Претседателот Путин е тој што ја враќа војната во Европа. Во овие мрачни часови ЕУ и нејзиниот народ, стојат до Украина и нејзиниот народ. Се соочуваме со акт на агресија од страна на руското лидерство врз суверена и независна земја. Руските цели не се само Донбас и Украина, таргет е стабилноста на Европа и целиот национален поредок и ние ќе го држиме претседателот Путин одговорен за тоа. Денеска ќе презентираме пакет масовни санкции. Ќе ги таргетираме стратегиските цели на руската економија“, изјави Урсула фон дер Лаен.

„Ова се едни од најмрачните часови за Европа уште од крајот на втората светска војна. Голема нуклеарна сила нападна соседна земја и се заканува на сите други земји кој можеби ќе дојдат да помогнат. Ова не е само најголемото прекршување на меѓународното право туку и е прекршување на основните принципи на човековото опстојување. Ова чини многу животи, со многу непознати последици пред нас. Еу ќе одговори на најсилниот можен начин“, рече Жозеф Борел.

Се огласи и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Уште еднаш, и покрај нашите постојани предупредувања и неуморни напори да се вклучи во дипломатијата, Русија го избра патот на агресија против суверена и независна земја. Ова е сериозно прекршување на меѓународното право и сериозна закана за евроатлантската безбедност посочи Столтенберг. Ја повикувам Русија веднаш да престане со воената акција и да го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Стоиме со народот на Украина во овој ужасен момент. Нато ќе направи сè што е потребно за да ги заштити и одбрани сите сојузници напиша столтенбер и најави дека сојузниците на НАТО ќе се состанат за да ги решат последиците од агресивните дејства на Русија.

„Париз ќе соработува со сојузниците за да стави крај на војната објави на твитер францускиот претседател Емануел Макрон. Русија мора веднаш да стави крај на своите воени операции. Франција е солидарна со Украина. Таа стои до украинците и работи со своите партнери и сојузници за да се стави крај на војната“, напиша Макрон на Твитер.

Британскиот премиер Борис Џонсон ги осуди „ужасните настани во Украина“, нагласувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин „избрал пат на крвопролевање и уништување со тоа што започнал неиспровоциран напад“.

„Велика Британија и нашите сојузници ќе одговорат одлучно“, објави тој на Твитер. Џонсон додаде дека разговарал со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Ова е ужасен ден за Украина и црн ден за Европа. Нападот на Русија врз Украина е грубо кршење на меѓународното право и не може да се оправда со ништо. Германија силно го осудува овој непромислен чин на претседателот Путин“, напиша германскиот канцелар Шолц на Твитер.

Шолц побара од Русија веднаш да ја прекине воената акција и најави дека во текот на денот ќе се консултира со партнерите во рамките на Европската унија, НАТО и Г7.

Викторија Милевска