Села: Тачи неможе да ме исклучи од партијата
„Тачи не е тој што може да ме исклучи од партијата, тоа право го има само централното претседателство. За жал ова е одлука само на поединци во партијата. Членувањето во една партија е на доброволна основа а мене не ме зачленил Мендух Тачи ниту било кој друг. Јас во ДПА сум од почетокот на нејзиното делување“, рече Зиадин Села.

Струшкиот градоначалник со своите приврзаници во наредните 30 дена во текот на изборната кампања ќе делуваат како опозиција во демократската партија на Албанците. Тој рече дека ќе го поддржи кандидатот за Претседател Илијаз Халими но од друга страна дека кандидатите за пратеници на ДПА во изборната единица 5 се срам за народот во Струга. Доколку ДПА предводена од Мендух Тачи доживее пораз на престојните парламентарни избори, Зиадин Села заедно со подограноците на ДПА во Струга уште на 27 Април ќе побараат Тачи да го напушти кормилото на партијата.ако изгуби на 27 Април чекам да даде оставка.ако не даде оставка ќе почне неговото заминување од челник на партијата.
„Му посакувам се најубаво на престојните избори. Доколку не победи на 27 Април очекувам Мендух Тачи да си поднесе оставка а доколку не дојде до тоа ќе започне неговото заминување од чело на партијата“, рече Зиадин Села.
Изјавата на лидерот на ДПА Мендух Тачи дека ни по цена од милион долари нема да го смени носителот на листа во изборната единица 5 Зија Јонузи, Села од Струга му порача на Тачи, зошто на Јонузи не му го отсапил челното место на изборната листа 6 ако навистина заслужил да седне во Собраниските клупи.
Зиадин Села ја има целата поддршка од советниците на ДПА во Струга.
Јованчо Наумоски
