Сообраќај
МВР: 57 санкционирани возила за јавен превоз на територија на цела држава
24.02.2022 11:09
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници спроведоа акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што санкционирани се 57 возила. Од нив, 30 поради неисправен уред за запирање, четири поради неисправен уред за управување, како и други видови неисправности.
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
