Русија: Воздушните напади не се насочени кон цивили

24.02.2022 11:49

„Не спроведуваме агресија против украинскиот народ, туку против хунтата која ја презеде власта во Киев“, рече рускот амбасадор во ОН, Василиј Небензја пред крајот на итната седница на Советот за безбедност на ОН, што ја иницираше Украина.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нивните воздушни напади не биле насочени кон цивили и не претставуваат закана за цивилите.

„Не спроведуваме агресија против украинскиот народ, туку против хунтата која ја презеде власта во Киев“, рече рускот амбасадор во ОН, Василиј Небензја пред крајот на итната седница на Советот за безбедност на ОН, што ја иницираше Украина.

Лидерот на проруските сепаратисти во источна Украина во четвртокот изјави дека нивната главна цел е да ја вратат контролата во регионите Луганск и Доњецк каде се наоѓаат отцепените територии.

Сепаратистите во Украина соопштија дека ги зазеле малите градови Луганск и Шчастија, додека властите во Киев потврдуваат дека проруските сили напреднале на територијата контролирана од владините сили.