Свет

Загинати повеќе од 40 украински војници и 10 цивили

24.02.2022 12:01

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ги повика глобалните лидери да и помогнат на Украина...

Од кабинетот на украинскиот претседател соопштуваат дека во првите часови на руската инвазија врз Украина загинати се повеќе од 40 украински војници и 10 цивили.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ги повика глобалните лидери да и помогнат на Украина од руската инвазија и заштитата на украинскиот воздушен простор.

Во последните случувања е дека Украина ги прекинува сите дипломатски односи со Русија, по што Зеленски нареди војската да нанесе максимални загуби на агресорот.