Халими: Да излеземе од ова со чист образ како албанци
Како народ се наоѓаме во многу тешка состојба. ни ја создаде некој и тоа не се менува само од себе. Тие што беа избрани да ги бранат и застапуваат нашите интереси потфрлија, рече пред членството и симпатизерите кандидатот на ДПА за претседател, Иљаз Халими...

„Повторно апелирам да го дадете својот глас за мене, без разлика на вашата партиска определба за да излеземе од ова со чист образ како албанци“, рече Халими.
Се издигнавме како партија поради тоа што го ценевме секој глас, зашто се боревме секој албанец да биде во добра состојба, рече пред присутните претседателот на ДПА, Мендух Тачи.
Додаде дека на овие избори не се работи за битка меѓу две спротивставени групи албанци, туку дека е битка меѓу незадоволните албанци и власта.
„Кога е во прашање да си го земеме нашиот дел се разликуваме многу. ДУИ со македонскиот партнер е слуга и питач , ние сме ортаци и партнери“, рече Тачи.
Изборниот караван ДПА го продолжува во Неготино, полошко.
