Свет

Нападнат воениот аеродром во близина на Киев

24.02.2022 13:25

Неколку експлозии се слушнаа во украинскиот главен град Киев, јавија западни медиуми. Експлозии се регистрирани и во украинскиот град Харков.

Украинските власти потврдија дека е нападнат воениот аеродром во близина на Киев. Нападот го извршуваат руските сили со хеликоптери.

Украинските гранични власти соопштија дека руската војска се обидува да навлезе во украинскиот регион Киев и неговиот регион Житомир на границата со Белорусија и дека Русија користи ракетни системи Град.

Неколку експлозии се слушнаа во украинскиот главен град Киев, јавија западни медиуми. Експлозии се регистрирани и во украинскиот град Харков.

Украинските власти потврдија дека голема воздушна операција од руските сили е преземена со хеликоптери Ми-8 и авиони Антонов врз меѓународниот карго аеродром во Гостомел. Градот е во Киевската област.