Киев

Ефремов за МТВ: Состојбата во Украина е тензична, амбасадата ќе работи додека е безбедно

24.02.2022 13:58

До Македонската амбасада нема дојави за повредени или загрозени наши сонародници во кризните подрачја, бидејќи поголемиот дел се евакуирани, а другите не се во тие подрачја, вели амбасадорот Ефремов...

Ситуацијата во Украина е многу напната и тензична. Не престануваат да ѕвонат телефоните во македонската амбасада во украинската престолнина, вели за јавниот сервис нашиот амбасадор во Киев, Крум Ефремов. Нашите сонародници им се обраќаат барајќи постојано начини како да ја напуштат земјата. Авионски летови нема. Копното е единствен излез кон запад.

До Македонската амбасада нема дојави за повредени или загрозени наши сонародници во кризните подрачја, бидејќи поголемиот дел се евакуирани, а другите не се во тие подрачја, вели амбасадорот.

Нашата амбасада, како и оние на другите земји е во координација со властите во Киев за понатамошни инструкции.

 

Фиљана Кока