Поповски: Да им кажеме не на стравот и на безперспективноста

04.04.2014 00:29

„Ајде да се свртиме кон граѓанските вредности, кон луѓето, кон човештината, да се обединиме кон решавање на клучните проблеми во Македонија“, рече на митингот кој се одржа вечерва во Охрид, кандидатот за претседател на ГРОМ, Зоран Поповски.

„Сплотени околу идејата за граѓанска опција да им кажеме не на стравот и на безперспективноста во Република Македонија“, нагласи Поповски пред охриѓани. 

„Не сакаме да оставаме празнини зад нас, сакаме да нудиме решение, нови опции и визии за Македонија. И јас ви гарантирам дека промените не може да ги донесе главната опозициона партија, туку промените може да ги донесе Граѓанската Опција за Македонија“, рече лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

На митингот во Охрид говореше и председателот на „Титови Леви Сили“, Слободан Угриновски.