Продожува окрупнувањето на земјоделското земјиште
Продолжува консолидацијата на земјоделското земјиште. По Егри во битолско, во село Дабјани во општина Долнени по барање на сопствениците веќе се окрупнуваат раситнетите парцели. Земјоделците го усвоија предлог планот за распределба на земјоделското земјиште пред почетокот на постапката за консолидација.

Земјоделците од село Дабјани во општина Долнени го усвоија предлог планот за распределба на земјоделското земјиште, што е последна фаза во постапката за консолидација. Иницијативата за окрупнување на земјиштето е по барање на самите сопственици.
Селото Дабјани е дел од Општина Долнени во близина на Прилеп. Атарот има за обработка 740 хектари, расцепкани на 602 парцели со неправилна форма, со 84 сопственици.
Во просек еден земјоделец поседува по седум, а скоро половината од нив се помали од половина хектар. Сега се намалени на безмалку 125 нови површини, што е речиси за 5 пати помалку.
Новооформените парцели се со правилна форма, поголема површина погодна за земјоделско производство, со пристап до патната инфраструктура и до системите за одводнување што треба да го намали ризикот од поплави.
По усвојувањето на овој план може да се почне со регистрација во Катастарот за недвижности и со подготовки за инвестиции за подобрување на земјоделската инфраструктура.
Консолидацијата е проект финансиран од Европската Унија, a ја спроведува Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации – ФАО.
Методија Трајков
