Почнува програмата „Млади менаџери и деловни лидери“

Пендаровски: Да излеземе во пресрет на младите за да се намали одливот на стручни кадри

25.02.2022 09:58

Треба да сме горди што во нашата држава имаме млади кои не запираат само на степенот на своето формално образование, туку имаат желба да продолжат со учење, да ги прошируваат своите интелектуални хоризонти и да ги усовршуваат своите вештини и таленти, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на програмата „Млади менаџери и деловни лидери“, која се одржува под негово покровителство.

Треба да сме горди што во нашата држава имаме млади кои не запираат само на степенот на своето формално образование, туку имаат желба да продолжат со учење, да ги прошируваат своите интелектуални хоризонти и да ги усовршуваат своите вештини и таленти, рече претседателот Пендаровски.

Тој потсети и на една од главните цели поради која е иницирана „Рамката за развој МКД 2030“, што неодамна е промовирана, а тоа е да се излезе во пресрет токму на потребите на младите, со крајна цел да се намали одливот на стручни кадри од земјата.

Програмата „Млади менаџери и деловни лидери“ се реализира преку соработка меѓу Кабинетот на Претседателот и Советот на странски инвеститори. Во неа учествуваат триесет и двајца млади лица и осумнаесет компании кои ги ставија на располагање своите капацитети за младите да имаат можност да стекнат нови, практични знаења.