Повеќе оздравени отколку заразени од Ковид-19
Надлежните очекуваат во наредниот период да се стабилизира епидемиолошката ситуација во државата, бидејќи веќе се наоѓаме во надолна крива на епидемиолошката состојба.

Опаѓа бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјава. Во исто време, продолжува скринингот за имунитетот на граѓаните во Скопје и во другите градови, како и скринингот во училиштата.
Надлежните очекуваат во наредниот период да се стабилизира епидемиолошката ситуација во државата, бидејќи веќе се наоѓаме во надолна крива на епидемиолошката состојба.
Во текот на вчерашниот ден беше евидентирани 631 нов случај на Ковид-19, од направени 2.818 тестови. Регистрирани се шест починати пациенти, а 910 оздравени.
Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 295.712. Бројот на оздравени пациенти е 281.582, на починати е 8.968. Има вкупно 5.162 активни случаи.
Досега во земјава се направени вкупно 1.880.891 тестирања на Ковид-19.
