Јуве на курс кон финалето во Торино
Јувентус и Бенфика се со една нога во фазата на четирите најдобри во УЕФА Европа лигата откако славеа победи на гостински терен во првите четвртфинални натпревари.

Италијанскиот првак се радуваше на „Жерлан“ кај Лион со 1-0 со голот на Бонучи во 85-тата минута. Со истиот резултат Бенфика триумфираше во Холандија кај АЗ Алкмар. Стрелец беше Салвио непосредно по паузата.
Уште еден од главните фаворити за освојување на пехарот, составот на Валенсија, изненади со убедлив пораз од 3-0 на теренот на Базел. Со двата гола на Делгадо во првото и оној во второто на Штокер, швајцарскиот тим обезбеди огромна позитива пред реваншот на „Месталја“наредниот четврток.
Во пиринејското дерби, Порто ја победи Севилја со 1-0. Мечот на „Драгао“ го реши Мангала во 31-та минута, по што големата битка ќе продолжи на „Санчез Пицхуан“.
