МВР
МВР: Претрес во Скопје, приведен дилер
25.02.2022 10:57
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

Полициски службеници од СВР Скопје во текот на вчерашниот ден го лишиле од слобода А.С.(27) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.
