Иванов во Кичево - најава за нова компанија од автомобилската индустрија

04.04.2014 00:48

Американската компанија од автомобилска индустрија КСС денеска го најави влезот во технолошко развојната индустриска зона во Кичево...

Изградбата на фабрика која до крајот на годината треба да вработи илјада лица.

Започна изградбата на автопатот Кичево - Охрид а во иднина се планира и изградбата на автопатот Кичево Гостивар како и изградба на автопатот од Кичево до Лим, соседна Албанија, им рече вечерва на кичевци кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов.

„Од 2006-та година кога дојде оваа гарнитура на власт предводена од Груевски, во Македонија се отворени 120 илјади нови работни места“, додаде Иванов.

Тој рече и дека никогаш нема да прифати промена на Уставното име, а претходно Иванов одржа митинг во Македонски брод.