Енергетика

Снабдувањето со електрична енергија е стабилно, рестрикции нема

25.02.2022 12:33

„Рестрикции нема, а снабдувањето со електрична енергија во изминатиот период е стабилно, но сепак неопходно е нејзино рационално трошење“, се вели во соопштението на Регулаторната комисија за енергетика...

Рестрикции нема, снабдувањето со електрична енергија е стабилно и состојбата во енергетскиот сектор е под контрола, ова е заклучокот од одржаниот координативен состанок на Регулаторната комисија за енергетика со енергетските компании ЕСМ, МЕПСО, ЕВН- Хоум, Електродистрибуција и МЕМО.

„Рестрикции нема, а снабдувањето со електрична енергија во изминатиот период е стабилно, но сепак неопходно е нејзино рационално трошење“, се вели во соопштението на Регулаторната комисија за енергетика.

Дел од анализите укажуваат дека 1% од домаќинствата трошат 20% од расположливата електрична енергија која ЕСМ ја произведува по цена која е неколку кратно пониска од берзанската цена, што упатува дека овие домаќинствата загреваат поголеми површини од останатите, по цена која е субвенционирана од државата.

Се разгледуваат механизми како да им се помогне на потрошувачите кои ја набавуваат електричната енергија на слободниот пазар, кои веќе добија енергија произведена од  повластените производители, по цени пониски од берзанските, се вели во соопштението на Регулаторната комисија.